Од Апелациониот суд соопштија дека е укината пресудата за случајот “Таргет-Тврдина„ кој се однесува на масовното прислушување, со што предметот е вратен на повторно постапување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се судиите кои ја укинаа пресудата на Мијалков за “Таргет-Тврдина“, за масовното прислушување
еМагазин во серијал ќе Ви пренесе каков имот пријавиле судиите од Апелација кои одлучуваа: Јани Нича, претседател на Советот на Судот и членовите: Енвер Беџети, Ѓоко Ристов, Тања Милева и Лидија Чачева.
Каков имот пријавила Тања Милева
Според нејзиниот анкетен лист, кој го доставила до Антикорупциска комисија кога станала судија во Апелација, на свое име нема ништо.
Како заеднички имот пријавила стан во Скопје од 86 метри квадратни.
На име на сопругот пријавила возило Фолксфаген голф.
Како заеднички имот пријавила и два кредити, од 2,1 милиони денари и 457,9 илјади денари, подигнати во 2017 година, кои требало да ги врати годинава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ