еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

МЕПСО се уште нема добиено формална најава за зголемување на цената на струјата

МЕПСО се уште нема добиено формална најава за зголемување на цената на струјата од јануари од страна на Регулаторна комисија, истакна директорот на АД МЕПСО, Орхан Мутрезани, по отпочнувањето на изградбата на 110 кв далековуд Велес-Овче Поле.

-Откако ќе добиеме формална најава дека ќе се врши промена на цената МЕПСО ќе ги направи сите пресметки и навремено ќе бидат доставени до Регулаторната комисија, вели Муртезани.

Прашан дали постои можност за повисока цена на струјата, поради зголемени трошоци, Муртезани со одговор дека тоа ќе зависи од пресметките.

-Ако пресметките покажуваат дека треба да се зголеми преносната тарифа на МЕПСО, секако дека ќе побараме, вели Муртезани.

Тој посочи дека МЕПСО нема никакви загуби или штети со вклучувањето на струјата на Железници.

-Моментално македонски Железници и Транспорт бидејќи немаат снабдувач со електрична енергија влечат од мрежа, енергијата којашто ние ја користиме за балансирање. Секако дека за таквата енергија МЕПСО испорачува фактура којашто македонски Железници треба да ја плати, додаде Муртезани.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„МојДДВ“: Дали повратот на ДДВ може да се направи и на добрата и услугите со 5% ДДВ?

Редакција

(Видео+Фото) Пожар во зградата на Секретаријатот за европски прашања и МИА

Редакција

Владата ќе ги награди матичните лекари со 30 денари по пациент, доколку достигнат и надминат опфат од 70 отсто со вакцинација

Редакција