еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

60-годишник од Скопје почина од сезонски грип

Во периодот од 05 до 11 декември во Македонија се пријавени 93 (I=5,1/100.000) случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, 60,3% повеќе во споредба со претходната недела (n=58), покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.

-Во однос на возрасната дистрибуција, 51 лица се на возраст од 15-64 години, 25 кај деца на возраст од 5-14 години, 9 лица на возраст над 65 години и 8 се регистрирани кај деца на возраст од 0-4 години.

Највисока инциденца (11,6/100.000) се регистрира кај децата на возраст од 5-14 години.

Заболените се пријавени од девет ЦЈЗ/ПЕ, во Тетово – 38, Гостивар – 16, Куманово – 14, а во Кавадарци, Дебар, Струга, Прилеп, Скопје и Струмица, бројот на пријавени е помал од 10.

Во текот на оваа недела, регистриран е еден смртен случај асоциран со грип. Се работи за лице на возраст од 60 години од Скопје, кој бил хоспитализирани во УК за Пулмоалергологија во Скопје.

Кај починатото лице е утврдено присуство на коморбидитети (кардиоваскуларни и белодробни) и не бил вакциниран со вакцина против сезонски грип.

Кај починатото лице, лабораториски е потврдена Influenza A несубтипизиран, стои во извештајот на ИЈЗ.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Едно лице загина, три други се повредени во сообраќајка на автопатот Неготино – Демир Капија

Редакција

Разрешен и директорот на Агенцијата за филм

Редакција

(Фото) Пендаровски со Панчев и австрискиот амбасадор го гледаше натпреварот на Македонија со Австрија

Редакција