еМагазин
Image default
Македонија

Советот на јавни обвинители за в петок закажа продолжение на седницата за избор на нов шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје

Советот на јавни обвинители за в петок закажа продолжение на седумдесеттата седница на чиј дневен ред е избор на нови шефови на две виши и шест основни јавни обвинителства, меѓу кои и нов шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје.

Во трка за шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје беа тројца кандидати, но по повлекувањето на обвинителката Фатиме Фетаи, кандидатурата ја повлече и Бурим Рустеми.

Засега единствен кандидат за функцијата останува постојниот обвинител Мустафа Хајрулахи.

На дневен ред на 70-тата седница на Совеотт на ЈО, се и изборот на виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје и на Вишото јавно обвинителство Гостивар, како и на шефови на основните ЈО во Битола, Велес, Гостивар, Кавадарци, Куманово и Штип.

Освен избори на нови шефови, на дневен ред, исто така е и носењето на одлука за објавување на оглас за четворица јавни обвинители во ОЈО ГОКК.

Изборот на нов шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје беше на дневен ред на 70-тата седница на Советот на јавни обвинители на 14 ноември, но кога стигна оваа точка, таа беше одложена за, како што беше посочено, членовите да имаат доволно време за разгледување на досиејата на кандидатите. На продолжението на 70-тата седница на 21 ноември Советот за јавни обвинители немаше кворум да одлучува за оваа точка и именуваше вршители на должноста до создавање услови за избор.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во М-НАВ не се почитувани процедурите за обезбедување, велат од Агенцијата за цивилно воздухопловство

Редакција

Се зголемува бројот на македонски државјани кои се наоѓаат во Израел

Редакција

(Фото) Без маски се славеше роденденот на Ахмети во новиот објект на министерството со кое раководи Груби

Редакција