еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

„КАМ маркет“ ги замрзнува цените на 100 производи

„КАМ маркет“ ги замрзнува редовните цени на 100 производи со цел да им излезе во пресрет на своите купувачи за престојните празници и да го ублажи шокот предизвикан од инфлацијата, информираат од таму.

Замрзнувањето ќе важи до 1 февруари 2023 година.

На листата производи чии цени ќе останат замрзнати се и основни производи, јајца, ориз, свежо месо и сувомеснати производи, млечни производи, тестенини, средства за лична хигиена, итн..

– Замрзнувањето е во еден правец. Тоа значи дека во наведениот период редовните цени нема да се покачуваат, но во зависност од општото движење на цените на суровините, енергенсите и другите ресурси, тие може да останат исти или да бидат пониски. Со други зборови, на купувачите им гарантираме ниски редовни цени, велат од „КАМ“.

Целта на оваа мерка е на граѓаните да им се овозможи поволно празнично купување и релаксирани празници. Мерката оди во прилог и на генералниот стремеж на „КАМ“ да обезбедува висок квалитет по ниски цени за своите купувачи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се најчестите симптоми кај заболените со Ковид-19 во Македонија

Редакција

(Видео) Снимките од масовниот генерален штрајк го обиколија Балканот, Вучиќ си одржа контрамитинг

Редакција

Од 14 до 25 години се повеќето загинати во пожарот во Кочани, од Скопје, Штип, Кочани, Пробиштип…

Редакција