еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Шест месеци граѓаните на Куманово ќе имаат бесплатен јавен превоз

Советот на Општина Куманово го прифати предлогот на градоначалникот Максим Димитриевски и едногласно донесе одлука за субвенционирање на јавен линиски превоз во наредните шест месеци со тенденција да продолжи и во иднина, информираше Димитриевски на Фејсбук.

-Со оваа одлука граѓаните во наредниот период ќе можат бесплатно да го користат јавниот линиски превоз за своите потреби. Во време на економско-енергетска криза граѓаните на Општина Куманово добиваат можност за значителни заштеди во семејниот буџет.

Ќе придонесеме за намалување на соодбраќајниот метеж во централното градско подрачје и намалување на загадувањето. Дополнително ќе се стремиме да се унапреди нивото на услуга во јавниот линиски превоз во Куманово и да стимулираме што е можно повеќе граѓани да користат јавен превоз за сопствените потреби, напиша тој.

Фото: Општина Куманово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Буџетските средства од ДИК за партиите делени без јасни критериуми, велат од Државна ревизија

Редакција

„Министер за Оскар ќе ни треба?“: Твитер во „црвено“ за историскиот успех на „Медена земја“

Редакција

Од Ковид-19 починале 14 лица, дополнително пријавени уште четворица

Редакција