еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

За Нова Година топло време, температура до 16 степени

За време на новогодишната ноќ не очекува топло време, особено на повисоките места. Минималната температура во сабота ќе биде во интервал од -4  до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Оттаму посочуваат дека не очекува период на стабилното време со релативно високи дневни температури, освен по одделни котлини, вклучувајќи ја и Скопската, каде ќе има појава на магла или ниска облачност и пониски дневни температури.

Во недела, на првиот ден од новата 2023 година, минималната температура ќе се движи во интервал од -4  до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.

На почетокот на следната седмица, како што велат од УХМР, времето ќе биде особено топло на повисоките места.

На 2 јануари (понеделник) минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерство за правда подготвува ново барање за екстрадиција на Груевски

Редакција

Од 15 март се укинува задолжителниот PLF формулар за влез во Грција

Редакција

Девет лица биле на возраст од 40-59 години: За една недела 64 смртни случаи од Ковид-19

Редакција