еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Федерацијата за планинарство во полиција го пријави демолирањето на кулата на Титов врв

Федерацијата за планинарство денеска поднесе и официјална пријава до полицијата за демолирањето на кулата на Титов врв. Пријавата е поднесена во СВР Тетово каде е побарано да се најдат сторителите на оштетувањето и опожарување на кулата.

„Федерацијата за планинарство ја информира јавноста дека поднесе пријава до МВР-Сектор за внатрешни работи, Тетово, за оштетување и опожарување на кулата на Титов Врв.

Федерацијата остро го осудува вандалството и уништувањето на кулата на Титов Врв. Со оваа неодговорна постапка и оштетувањето на симболот на препознатливост на планинарството кај нас, само се загрозува безбедноста на посетителите,“ информираше претседателот на Федерацијата, Зоран Читкушев.

Федерацијата, како што најавија, ќе го санира објектот и зависно од временските услови тоа ќе се одвива етапно.

Членови на планинарскиот клуб „Аргентус Монт“ и претставник на Комисијата за планинарски домови при Федерацијата за планинарство во неделата беа на врвот за целосен увид и утврдија дека луѓе во голема мера ја демолирале внатрешноста, откако мината недела беше објавени дека се оштетени и откорнати прозорци.

Планинарите во таа акција привремено ги затвориле сите испокршени прозорци со плексан и дрвени даски со цел во Кулата да не навлегува снег во зимскиот период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Засолништето на планинарите вандализирано: Вреќи песок на грб се носеа за кулата на Титов врв да се направи за поголема безбедност

Фото: Аргентус Монт

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР склучи договор со “Годомин“ вреден 518 илјади евра

Редакција

(Видео) Хаос на улица во Струмица: Не се знае кој кого мава во масовна тепачка

Редакција

Нови 150 случаи на Ковид-19, бројката на активни се намали под 10.000

Редакција