еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Имотот на петте најбогати Македонци изнесува 23,9% од македонскиот БДП, пресмета српски „Недељник“

Српскиот магазин „Недељник“ објави листа на 100 најбогати луѓе во регионот, а направи и пресметка колкав процент од бруто-домашниот производ (БДП) изнесува имотот на петте најбогати во земјите од регионот.

Тој процент во Македонија изнесува 23,9%, што ја става на второ место, по Црна Гора, по нееднаквоста.

Магазинот досега онлајн ги објави првите 40 најбогати во регионот, а од Македонија засега на листата се појавија сопственикот на „ИГМ трејд“ од Кавадарци, Илија Гечев, кој е единствениот милјардер од земјава и е рангиран на 18. место и генералниот директор и претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, Живко Мукаетов, кој е на 38. место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) И Живко Мукаетов на листата на 100 најбогати во регионот

Кој е Илија Гечев, единствениот милјардер од Македонија на листата на најбогатите во регионов

(Фото) Илија Гечев, единствен милијардер од Македонија на листата на српскиот магазин „Недељник“

Како што објаснуваат од неделникот рангирањето не покажува колку пари имаат бизнисмените на листата, туку колку вредат нивните компании (или акциите кои ги поседуваат, н.з.) и колку пари потенцијално би можеле да добијат ако ги продадат денеска.

„Недељник“ ја направил листата во соработка со две реномирани консултантски фирми кои работат на Њујоршката берза и водечки регионални медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Андреја Јосифовски на 45. место на листата на најбогатите во регионот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тенизично и на денешното судење за несреќата кај Ласкарци, конечно сведочеше вештакот Зекири

Редакција

Дијабетичарите најавуваат тужби поради немање терапија, од МЗ велат дека се прават напори да се надминат проблемите

Редакција

ОТА, агенцијата која го контролила прислушувањето останува без директор

Редакција