еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Во новата година уште една трансплантација на црн дроб, бубрези и коскени ткива

Рано утрово на Хируршките клиники започна експлантацијата на органите, откако вчера попладне семејството на пациентка во мозочна смрт даде согласнот за донирање.

„Нивната желба да подарат некому живот и здравје, денес донесе трансплантација на црн дроб, два бубрега и на коскени ткива.

Благодарност до семејството од мое име и од името на сите екипи кои во изминативе 24 часа работеа и продолжуваат да работат,“ истакна министерот за здравство Беким Сали.

Тој истовремено искажа благодарност до сите медицински екипи кои изминатите часови работеа на подготовка на донорот, на реципиентите и во операциските сали.

„Не радува тоа што се повеќе семејства се одлучуваат да ги донираат органите и да спасат некому живот.

Новата година ја започнуваме со акт на хуманост и добрина. Со надеж и верба,“ потенцира Сали.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За викендот нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер

Редакција

Вкупно 4.742: Од Ковид-19 починаа 28 лица

Редакција

Приведен маж од велешко поради предизвикување пожар

Редакција