еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Надминување на вредностите на азотен оксид е регистрирано кај котларата за парно греење во Цементарница Усје, покажува извештајот на Државниот инспекторат за животна средина

По извршените вонредни инспекциски надзори за амбиенталниот воздух во Цементарница Усје, Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека измерените параметри од двете печки за азотен оксид (NOx), сулфур диоксид (SO2) и прашина се во рамки на дозволени концентрации според А-интегрираната еколошка дозвола, а од котларата за парно греење која користи мазут, покажуваат надминување на азотни оксиди и изнесуваат 711,9 милиграми на метар кубен.

– Поради надминување на прагот за алармирање во однос на квалитетот на амбиенталниот воздух во Скопје, Државниот инспекторат за животна средина, во соработка со Инспекторатот за животна средина од Град Скопје, изврши вонреден инспекциски надзор над Цеметара Усје на ден 30 декември 2022 година, при што се побарани извештаи за мерења од двата испусти од печките 3 и 4 за 28-29 декември 2022 година.

Исто така, вонреден инспекциски надзор е извршен и на 3 јануари 2023 и 4 јануари 2023 од страна на Државниот инспекторат за животна средина во соработка со Инспекторатот за животна средина на Град Скопје и акредитирана лабораторија, која изврши мерење на емисија на гасови и прашина од оџаците на двете печки за клинкер. На 4 јануари 2023 година извршени се мерења на емисија на гасови од оџакот на парниот котел со моќност од 4,2 мегавати кој користи мазут како гориво, образложија од Министерството за животна средина и просторно планирање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цементарница Усје во рок од пет дена да премине на загревање со природен гас, наложи Државниот инспекторат за животна средина

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наместо со девет, Уставен суд остана со пет судии: Заврши мандатот на судијата Јован Јосифовски

Редакција

Вучиќ на „Отворен Балкан“: Да ја зајакнеме соработката за да си помогнеме да ја преживееме зимата

Редакција

Девизните резерви на крајот на април 4,12 милијарди евра

Редакција