еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Следува период со дожд, ветер и повисоки температури

Под влијание на циклонска активност и серија влажни воздушни бранови следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.

Како што информираат од Управата за хидрометеорлошки работи, врнежите на места ќе бидат обилни и до петок се очекува да наврнат над 50 л/м2.

Во четврток локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. До четврток ќе дува засилен, а повремено силен ветер (над 70 км/час) од јужен правец што ќе услови топло време за овој период од годината.

Во петок и за време на викендот се очекува значително заладување и врнежите од дожд постепено ќе преминуваат во снег и во пониските места. На планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а помала се очекува и во некои пониски места.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телекабел стана сопственик на кабелскиот оператор Инфел од Охрид

Редакција

Кинеската политика за Ковид-19 со нулта стапка е неодржлива, велат од СЗО

Редакција

Војната го потисна интересот за ковид-пандемијата: „Скандалозно нееднаквата“ распределба на вакцини, може да ја пролонгира

Редакција