еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Русите ќе градат 25 казнени колонии во анектираните украински територии

Руската Влада им наложи на затворските власти да изградат 25 казнени колонии во регионите на Украина анектирани од почетокот на војната, објавено e во официјалното Парламентарно гласило.

Според наредбата на руските власти, 12 затвори ќе бидат изградени во регионот на Доњецк, седум во Луганск, три во окупираниот дел на регионот Керсон и два во областа Запорожје, каде што треба да се изгради и затворски камп од отворен тип.

Организацијата за граѓански права „Русија зад решетки“ тврди дека платеничката организација „Вагнер“ досега регрутирала околу 50 илјади затвореници од руските затвори за војната во Украина. Од нив, според организацијата, само околу десет илјади се воено активни, додека останатите или загинале, дел се ранети, заробени или дезертирале.

Украинскиот Генералштаб соопшти дека групата „Вагнер“ поради големи загуби на фронтот почнала да регрутира и украински затвореници.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колкави приходи лани оствариле телевизиите 24 Вести, Наша и Сонце

Редакција

Титан Усје и Градежниот факултет потпишаа меморандум за соработка за новиот проект „Знаење + CO₂ -“

Редакција

На продажба акции на Еуростандард банка издадени од Централен депозитар за хартии од вредност

Редакција