еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

И во февруари со гас ќе не снабдува бугарската Балкан Јутилитис

На јавниот повик кој беше достапен за сите домашни и странски компании пристигнаа две понуди. Фирмата Актаел понуди цена од 99,83 eвра/MWh, а фирмата Балкан Јутилитис понуди цена на природниот гас од 98,71 евра/MWh, информираат од ЕСМ Продажба.

-Понудените цени на гасот од страна на двете фирми ги опфаќаат сите трошоци за набавка на енергенсот, како што се закуп на преносни капацитети, разни такси и маржа.

Овој факт го потенцираме со цел да се избегнат евентуални шпекулации кои би произлегле од цената на гасот на берзите во моментов, но во берзанската цена не се вкалкулирани сите споменати дополнителните трошоци кои произлегуваат од набавката, како што се закуп на преносни капацитети, разни такси и маржа.

Со понудувачот кој имаше понудено пониска цена во моментот на носење на одлуката за избор, во случајот Балкан Јутилитис, склучен е валиден деловен договор, кој ги содржи сите параметри од јавниот повик, односно количина, цена, динамика и гаранција за испорака.

Со оваа набавка во целост ќе се задоволат потребите од природен гас за производство на топлинска енергија за топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за останати потрошувачи на природен гас во РС Македонија. Граѓаните да бидат сигурни и спокојни дека и во февруари ќе продолжи континуираното снабдување со топлинска енергија.

Јавен повик за набавка на природен гас за месец март 2023 година ќе биде спроведен во текот на февруари, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарската фирма од која ќе купуваме природен гас, добила лиценца на 15 септември годинава

Бугарска микрокомпанија со “контроверзeн“ директор ќе ја снабдува Македонија со гас, објави телевизијата Сител

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во затворот „Скопје“ на 34-годишна возраст почина син на турски градоначалник

Редакција

Пациентите со цистична фиброза ќе бидат вклучени во работната група за лекот Трикафта, велат од Министерството за здравство

Редакција

Адора Инженеринг: Добивме цврсти гаранции дека ЕСМ ќе ги купи топланите Исток и Запад и ќе го плати долгот

Редакција