еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

На лицата со лоши намери кон нас, нема да им биде дозволен влез во државата на 4 февруари, најави Пендаровски

Мојата препорака до нашите партнери беше дека треба да сугерираат ни во Софија да не се помага, односно да не се поттикнуваат организирани транспорти до нашата граница за 4 февруари. Ве уверувам, постојат претходни сознанија за многу лица со лоши намери кон нас, и на нив нема да им биде дозволен влезот во државата, истакна претседателот Стево Пендаровски во интервју за Топ тема на „Телма“.

Според претседателот, добро ќе е и Бугарија како наш сосед, да не поттикнува организирање на вакви конвои.

Претседателот сепак останува на ставот дека 4 февруари ќе помине во атмосфера каква што доликува, во црквата „Св. Спас“ и во околината, и дека ќе го чествуваме тој ден како што доликува на една цивилизирана демократска држава.

-Убеден сум дека надлежните органи ќе преземат се што е во нивна моќ да го поминеме 4 февруари на начин на кој ќе уште еднаш ќе бидеме претставени како држава која толерира различности, но не толерира навреди врз сопствениоот народ, додава Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски: Персона нон-грата не се прогласува заради политички изјави, туку кога има индиции за закана за националната безбедност

Џамбаски доаѓа во Скопје на 4 февруари и му се закани на Пендаровски со атентат

На 4. февруари ќе одлучуваме дали Џамбаски ќе влезе во Македонија за чествувањето на Гоце Делчев, вели Спасовски

МИА/Фото: Кабинет на претседател

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МТСП: Жените може да остварат право на пензија на 62 години возраст и 15 години стаж

Редакција

Нови 739 случаи на Ковид-19, едно починато лице

Редакција

Мицкоски: Пред три месеци реков дека постои Анекс на Договорот со Бугарија и е со исклучително лоши позиции за македонскиот идентитет

Редакција