еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Словенија уапси двајца руски шпиони, едниот живеел под лажен идентитет и имал аргентински пасош

Словенечката разузнавачка и безбедносна служба СОВА во Љубљана откри двајца странски државјани осомничени дека шпионирале за Русија. При апсењето било утврдено дека еден од осомничените живеел под лажен идентитет и имал аргентински пасош.

Двете лица се уапсени, а во апсењето учествувало и Националното биро за истраги, јавува порталот 24ур.

Истрагата се води поради сомнение дека е сторено кривично дело шпионажа за странска разузнавачка служба и кривично дело проверка на невистинита содржина. За кривичното дело шпионажа им се заканува затворска казна од шест месеци до пет години, а за кривичното дело проверка на невистинита содржина затворска казна до три години.

Се претпоставува дека станува збор за агенти „спијачи“ кои работеле за руската воена разузнавачка служба ГРУ.

Поради чувствителноста на информациите, истражните органи во Словенија засега не соопштуваат ништо за овој случај.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Газдите на конфекциите го потврдија нивниот робовладетелски однос кон текстилните работници, сметаат од Хелсиншки

Редакција

(Видео) Невреме предизвика поплави во Крива Паланка, Велес и Кавадарци

Редакција

Од Ковид-19 починаа 32 лица, најмладото на 35-годишна возраст

Редакција