еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е Каја Шукова, кандидатката за нова министерка за животна средина и просторно планирање

Актуелниот државен секретар во Министерство за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова е предлог на СДСМ за нов министер за животна средина и просторно планирање.

Таа доаѓа на местото на Насер Нуредини, кадар на ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се кандидатите за нови министри и заменици-министри

Какво образование има

Родена е на 01.01.1970 година во Скопје.

Во периодот од 1989 до 1995 година дипломирала на Технолошко – металуршки факултет во Скопје и е дипломиран инжинер технолог VII/1 (прехранбена биотехнологија).

Средно училиште завршила во периодот од 1984 до1988 година во УСО “Никола Карев“ во Скопје.

Зборува англиски (активно) и германски (пасивно) јазик.

Работно искуство и политичка кариера

Во периодот јуни 2001 – октомври 2020 година работела во Министерство за животна средина и просторно планирање како раководител на Секторот за одржлив развој и инвестиции.

Од мај 2000 до мај 2001 година работела во Министерство за животна средина во Секторот за одржлив развој, Одделение за подготовка на проекти, како советник.

Во периодот декември 1999 – април 2000 година работела во Министерство за животна средина во Секторот за меѓународна соработка, како советник.

Од февруари 1999 до ноември 1999 година работела во Министерство за животна средина во Одделението за еко-менаџмент.

Во периодот ноември 1998 – јануари 1999 година работела во Министерство за градежништво во урбанизам и животна средина.

Од 1994 до 1998 година работела во Пивара – Скопје, како погонски инженер, Мото Трејд Скопје, во администрација и во Аива бек Скопје, во администрација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Му бил советник на Таравари: Кој е Фатмир Меџити, кандидатот за министер за здравство на Алијанса за Албанците

Кој е Кренар Лога, кандидатот за министер за правда на Алијанса за Албанците

Кој е Агим Нухиу, кандидатот за нов заменик министер за образование и наука

Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Законот за игри на среќа не се донесе, „за“ гласаа само 51 пратеник

Редакција

(Мапа) Во кои градови во Македонија има најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција

Кои се преставниците на Владата во Македонски Телеком

Редакција