еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Го советувал и Груевски: Кој е Азир Алиу, кандидатот за министер за информатичко општество и јавна администрација на Алијанса за Албанците

Азир Алиу, кој моментално работи како професор на Факултетот за компјутерски науки и технологија при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово е кандидат за министер за информатичко општество и јавна администрација на Алијанса за Албанците.

Тој доаѓа на местото на Адмирим Алити, кадар на Алтернатива.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се кандидатите за нови министри и заменици-министри

Образование

Тој е дипломиран инжинер по електротехника на Електотехничкиот факултет при Универзитетот “Кирил и Методиј“ во Скопје.

Алиу е и доктор по информатички науки, а докторирал на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот “Кирил и Методиј“ во Скопје.

Тој е и магистер по електротехника при Универзитетот “Кирил и Методиј“ во Скопје.

Работно искуство

Од 2002 година до денес работи на Универзитетот на Југоисточна Европа како редовен професор, а овде е и потпретседател на Управниот одбор, а бил и продекан за наука, асистент…

Интересен детал во неговата биографија е дека во периодот од 2013 до 2017 година го советувал тогашниот премиер Никола Груевски, за високо образование, наука и ИКТ.

Покрај академското искуство, Азир Алиу има и долга кариера во приватниот сектор како претприемач, ментор и консултант.

Тој во периодот од 2013 до 2018 година меѓудругото бил и директор и иницијатор на првиот технолошки парк SEEUTechPark во Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Кренар Лога, кандидатот за министер за правда на Алијанса за Албанците

Му бил советник на Таравари: Кој е Фатмир Меџити, кандидатот за министер за здравство на Алијанса за Албанците

Која е Каја Шукова, кандидатката за нова министерка за животна средина и просторно планирање

Фото: АА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски се сретна со хрватскиот премиер Пленковиќ, побарал поддршка за одблокирање на евроинтеграциите

Редакција

Од Ковид-19 починаа 25 лица, во Скопје најмногу 12

Редакција

На референдумот гласаа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Јанчев и пратениците Рангелова и Данев

Редакција