еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Без договор не можеме да ги примиме генераторите, велат од МВР откако бугарските медиуми објавија дека донацијата е одбиена

Бугарското национално радио објави дека на македонскиот граничен премин Деве Баир одбиле да ги примат генераторите за струја, повикувајќи се на информации од вработени на бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“.

Станува збор за најавената донација од Бугарија, која најави дека ќе донира три генератори за македонските гранични премини.

Од Министерството за внатрешни работи за Локално велат дека се уште не е постигнат договор според кој може да ја прими ветената донација, која од Скопје ја најави бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев.

-Согласно законските прописи без договор институцијата не може ниту да прими, ниту да предаде донација. За секоја наша институција е така, а нивните прописи не ги знаеме, велат од МВР за Локално.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарскиот министер Демерџиев ироничен: Ќе донираме три генератори да не паѓа системот на МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Радиологот Владимир Евтимовски од тетовската болница почина од Ковид-19

Редакција

Кој е Звонко Пекевски, старо-новиот градоначалник на Берово

Редакција

Македонците викендов во „поход“ на Србија за вакцинација против Ковид-19

Редакција