еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

54-годишен затвореник починал во ГОБ „8 Септември“

Откако му се слошило в затвор, 54-годишен скопјанец бил пренесен во болница, каде што починал, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Во СВР Скопје вчера било пријавено дека во Градската општа болница „8 Септември“ починал В.Н., осуденик во Казнено-поправната установа Затвор Скопје.

Според пријавеното, на В.Н. му се слошило во затворот, по што со нивно возило бил пренесен во медицинска установа, каде нешто подоцна, лекар констатирал смрт, се појаснува во соопштението на МВР.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев по средбата со Села и Гаши: Направивме сериозен исчекор во разговорите за државјанствата

Редакција

Распишани претседателските избори, првиот круг е на 21.април

Редакција

Каков имот пријавила Фатмире Исаки, заменик министерката за надворешни работи

Редакција