еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пендаровски и членовите на неговиот Кабинет ќе земат плата за јануари, најдено е решение

Најдено е решение помеѓу институциите Претседател на Македонија и Министерството за финансии за исплата на плата за претседателот и вработените во Кабинетот на претседателот за месец јануари 2023 година.

Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, платата ќе биде исплатена во наредните денови, во согласност со Колективниот договор и утврденото покачување од 5 проценти за административните службеници во Кабинетот.

– Постигнатото решение предвидува внатрешна прераспределба на средства во рамките на постоечкиот и одобрен буџет за 2023 година за Кабинетот. Со ова решение целосно се почитува Колективниот договор, а уште еднаш повторуваме дека претседателот, именуваните лица и посебните советници не добиваат покачување на плати, се појаснува во соопштението од Кабинетот на претседателот на државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски и вработените во неговиот Кабинет останаа без плата за јануари

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ни трага, ни глас: Една година од исчезнувањето на Марија Брзакова

Редакција

Од коронавирусот почина пациент од Велес на 58 годишна возраст

Редакција

Ахмети по средбата со Петков: Да го прифатиме бугарското малцинство во Уставот, ништо лошо нема да ѝ стане на државата

Редакција