еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Просечната цена на струјата на HUPX берзата денеска 136,03 евра за мегават час, информираат од ЕДС

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 24 февруари просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 136,03 евра/mwh, информираат од ЕДС.

„Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 20:00) (peakload) постигна ниво од 147,09 евра за мегават час. Просечната цена на електричната енергија во текот на месец февруари до сега, (baseload till date) изнесува 149,48 евра за мегават час.

Имајќи ја предвид актуелната состојба на енергетскиот пазар во Европа и светот важно е да се подигне свесноста за разумното и рационално трошење на електричната енергија, како и редовното подмирување на сметките за електрична енергија со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето.

Информациите за движењето на цената на електрична енергија може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои што ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис планови,“ се вели во соопштението.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Горивата поскапуваат за денар

Редакција

На што се должат високите температури летово и какво време не очекува наесен и во зима

Редакција

Од утре постепен пораст на температурата, во четврток ќе достигне до 37 степени

Редакција