Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвара предмет за надзорот на изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д што го врши ИРД.
Според ДКСК, треба да се проверат информациите пласирани во медиумите дека фирмата „Ептиса“, која е дел од ИРД, имала забрана од државата за да не биде ангажирана на градежни надзори поради неетичко и непрофесионално однесување, но пред тендерот Владата ја поништила таа забрана.
Велат дека ќе треба време за да се обезбедат сите документи затоа што се работи за огромен тендер.
– Ако се има предвид фактот дека е огромен тендер со голема вредност, мислам дека вреди да се почека да се добие таа документација и дополнително потребно е време за нејзино анализирање.
Тие се странски фирми за кои нашето истражување по нив ќе биде малку ограничено. Доколку има потреба ќе се потрудиме да најдеме и дополнителни податоци, изјави Катица Николовска, член на ДКСК за „Сител“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МИА/Фото: Влада