еМагазин
Image default
Македонија

И Заев виде „говор на омраза“ во „Ругање со Христос“

Премиерот Зоран Заев денеска прашан за филмот „Ругање со Христос“ изјави дека побарал од министерот за култура и директорот на Агенцијата за филм да ги спречат ваквите активности во кои се промовира говор на омраза.

–  Не можеме да го вратиме времето назад, но му дадов задача на министерот за култура да разговара со директорот на Агенцијата за филм да ги спречат и да најдат законски начин за сите активности на промоција на вакви дела, истакна Заев, одговарајќи на новинарско прашање во Владата.

Тој додаде дека она што е финансирано од Агенцијата за филм во 2015 година е апсолутно со политичка заднина и ги осуди сите пораки што шират говор на омраза.

Вчера, и министерот за култура Арбр Адеми на прес-конференција го осуди говорот на омраза што го поттикнува филмот и истакна дека филмот нема никаква врска со актуелниот состав на министерството.

– По објавување на трејлерот на филмот во кој војниците на ОНА се претставени како насилници-силувачи, Министерството за култура објаснува за јавноста дека овој филм нема никаква врска со министерството и актуелниот состав на министерството, туку е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија во 2015 година, истакна вчера Адеми на прес-конференцијата.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детали од Обвинителство за претресот во домот на Боки 13: Oдземени брендирана гардероба, накит, часовници, уметнички дела, оружје

Редакција

Собранието го усвои и третиот нацрт-амандман на Уставот кој се однесува на суверенитот и интегритетот

Редакција

Македонија да ги направи ветените уставни измени, велат од ЕК, од каде жалат за неупотребата на уставното име

Редакција