еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонските иселеници имаат добри можности за инвестирање во компании кои котираат на Македонската берза, вели Костадиновски

Македонските иселеници имаат добри можности за инвестирање во македонски компании кои котираат на Македонската берза. Интересот доаѓа во период кога повеќе долгогодишни и конзервативни инвеститори во хартии од вредност во Македонија добиваат вести за исплатата на дивиденди и во период на објава на приходите и добивките на компаниите за 2022 година.

Компаниите кои традиционално исплаќаат дивиденди се атрактивни меѓу инвеститорите на Берзата, која располага со соодветна понуда.

Коста Костадиновски од Капитал Ассет Менаџмент, преку онлајн вебинар, ги запозна македонските иселеници со потенцијалот на домашниот пазар, неговата атрактивност и можностите кои ги нуди за оплодување на инвестираните пари.

„Ова е организирана можност нашите иселеници да инвестираат и активно да учествуваат во економските текови во Македонија.

Освен тоа, гледано од економски аспект, да го оплодат својот капитал и да и помогнат на Македонија како нивна татковина. Македонската дијаспора има добар инвеститорски потенцијал и затоа ги предочив можностите за инвестирање. На овој начин, иселениците остануваат поврзани со татковината“, вели Костадиновски.

Тој порача до иселениците дека минимален почетен влог изнесува десетина илјади евра кој, во секој момент, може да се докапитализира по своја желба или по препорака на портфолио менаџерите кога пазарните услови даваат добри шанси.

Оваа активност е резултат на долгогодишната идеја на Никола Блајбершник од Битола, која тлеела во неговите мисли.

„Секоја година во Битола доаѓаат нашите роднини, другари и пријатели кои се иселени во странство. Долго време размислував како да ги мотивирам да бидат „странски“ инвеститори во сопствената татковина. Сите тие се успешни бизнисмени во тие развиени држави.

Разговарав со претставник на Обединетата македонска дијаспора и дојде до реализација на онлајн вебинарот со желба да се надмине недовербата што ја имаат иселениците кон македонските институции. Исто така, да дадат придонес за развој на економијата на нашата татковина“, објаснува Блајбершник.

Гордан Јорданов, директор на Обединета македонска дијаспора за Македонија и Европа, вели дека „секој настан што го претставува бизнис потенцијалот на Македонија е неверојатен и од голема вредност за нашата нација и организација. Со вакви настани и претставување на Македонската берза, како организација веруваме дека сите Македонци, без разлика каде живеат, можат да го обезбедат македонскиот капитал и да ја поттикнат македонската бизнис индустрија”.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бензините поевтинуваат за денар, а дизелот за половина денар по литар

Редакција

Убава вест: Оздравени 681 пациенти од Ковид-19

Редакција

Владата ја номинираше Мирјана Лазарова Трајковска, за судијка во Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Редакција