еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Станбените кредити во февруари со годишен раст од 12,3, потрошувачките од 6,3%

Вкупните депозити на годишна основа во февруари бележат раст од 5,9 проценти, а вкупните кредити се повисоки за 7,7 проценти.

Податоците на Народната банка покажуваат дека порастот на вкупните депозити се должи на зголемувањето на депозитите на двата сектора, коешто е поизразено кај домаќинствата, додека зголеменото кредитирање е исто присутно кај двата сектора, но со малку поголем придонес на кредитите на корпоративниот сектор.

Кредитите на домаќинствата остварија месечен  раст од 0,3 проценти и годишен раст  од 7,2 проценти. Промената по двете основи се должи на растот на кредитирањето во денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во странска валута.

Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во февруари 2023 година, потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, бележат месечен раст од 0,4 проценти и 0,8 проценти, соодветно, при годишен раст од 6,3 проценти  и 12,3 проценти, соодветно.

Овој месец, автомобилските кредити се намалени за 0,3 проценти на месечна основа, додека на годишна основа бележат раст за 11,8 проценти.

Во февруари, кај кредитите одобрени на кредитни картички и негативните салда на тековни сметки е остварен месечен пад за 1,1 процент и 1,3 проценти, соодветно, додека на годишна основа тие се повисоки за 0,8 проценти и 0,4 проценти, соодветно.

Овој месец, кредитите одобрени врз други основи се намалени за 1,5 проценти и 16,3 проценти на месечно и на годишно ниво, соодветно.

Кредитите на корпоративниот сектор во февруари се намалени за 0,2 проценти, во целост како резултат на падот на кредитирањето во денари. Споредено на годишно ниво, кредитите на корпоративниот сектор бележат раст за 8,2 проценти, којшто во услови на зголеменото кредитирање во денари и во странска валута, во поголем дел се должи на кредитите во странска валута.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Активни пожари нема, изминатото деноноќие изгаснати 22

Редакција

(ВИДЕО) Хит на Твитер: На наградна игра на општината Лозово, шпоретот го доби ќерката на градоначалникот, истиот ќе биде дониран

Редакција

Од коронавирусот почина 76-годишна жена од Скопје

Редакција