еМагазин
Image default
Македонија

Анкета: 57,8% од граѓаните ќе излезат на референдумот, а 40,9% ќе гласаат „за“

На претстојниот референдум 40,9 отсто од граѓаните ќе гласаат „за“, „против“ се 8,6 отсто, неопределени 6,3 отсто, додека два проценти од анкетираните одбиле да одговорат. Без одговор биле 42,2 отсто од испитаниците, покажала најновата анкета што за телевизија Телма ја изработиле Инситутот за демократија-Социетас цивилис и Македонскиот центар за меѓународна соработка-МЦМС, а ја спроведе компанијата М-проспект.

На првото прашањето во анкетата-дали ќе излезат или нема да излезат на гласање, мнозинството или 57,8 отсто се изјасниле дека ќе излезат на гласање, речиси една третина или 28,8 отсто нема да излезат на референдум, 11,2 отсто не знаат и 2,2 отсто одбиле да одговорат.

Анкетата е теренска и е правена лице в лице од 7 до 25 август годинава на репрезентативен примерок од 1.000 испитаници. Анкетата го проектира и цензусот на референдумот, а вкрстува и податоци за етничката припадност на анкетираните. Анкетата е спроведена на македонски и албански јазик.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема напредок во француската позиција за преговори со Македонија

Редакција

Убава вест: Оздравени уште 38 пациенти, вкупната бројка 627

Редакција

Милошоски вели дека „бомбите“ се од времето на Мијалков, на Заев му порача дека ќе го отвори како пупка

Редакција