еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Финска ќе стане членка на НАТО, турскиот парламент го одобри нејзиниот влез

Турскиот парламент синоќа ја ратификуваше одлуката со која и се дозволува на Финска да се приклучи на НАТО, отворајќи го патот за Хелсинки да и се приклучи на Алијансата во време на беснеење на војната во Украина, јавија британските медиуми.

Турскиот парламент беше последниот од 30-те членки на Алијансата што го ратификуваше членството на Финска, откако унгарскиот законодавен дом го стори тоа претходно оваа недела.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган претходно месецов изјави дека Финска ја обезбедила наклонетоста на Турција по преземањето конкретни чекори за одржување на ветувањата за сузбивање на групите што Анкара ги смета за терористи и за ослободување на извозот на воена стока.

Финска и Шведска минатата година поднесоа барање за приклучување кон трансатлантскиот воен сојуз како одговор на руската инвазија врз Украина, но процесот беше блокиран од Турција и Унгарија.

Парламентите на сите членки на НАТО мора да ги ратификуваат новите членки.

Турција, од друга страна, се уште го одложува одобрувањето на кандидатурата на Шведска за членство во НАТО.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Прекрасна приказна за животот на монасите од Бигорскиот манастир

Редакција

Македонија ја одбила Украина за донација на нова воена опрема

Редакција

Заразените со корона вирусот може да не го вратат сетилото за мирис

Редакција