еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Се зголемува бројот на пензионери: Остарени живеат во сиромаштија со петнаесетина илјади денари

Во јуни 2018 година во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување евидентирани се 313.679 пензионери, што претставува зголемување од 2,3% во однос на истиот период минатата година.

На месечно ниво, бројот на корисници на пензија е повисок за 1.647 лица. Од вкупниот број пензионери, 64,1% се корисници на старосна пензија, 24,4% се корисници на семејна пензија и 11,6% се корисници на инвалидска пензија. Просечната пензија во јуни 2018 година изнесува 14.150 денари и е за 2,1% повисока во однос на истиот месец минатата година.

Соодносот на просечната пензија со просечната исплатена плата во мај 2018 година (последни расположливи податоци) изнесува 57,6%. Просечната старосна пензија во јуни изнесува 15.450 денари, просечната инвалидска пензија изнесува 12.836 денари, а просечната семејна пензија 11.355 денари. За исплата на пензиите во јуни 2018 година се потрошени 4,3 милијарди денари, што претставува 50,9% од вкупните социјални трансфери.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Едно лице загина во пожар во селото Отошница

Редакција

Преку моделот “се или ништо“ на продажба акции на Еуростандард банка во Гранит, Макпетрол, Реплек…

Редакција

УЈП распродава запленети возила: Луксузни автомобили, камиони и автобуси по багателни цени

Редакција