еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Од 5 април доматите 70 денари, кромидот 60, пиперот 90, лимонот 55, а бананите 70 денари

Владата денеска ја донесе Одлуката со која се замрзнуваат цените на 11 видови овошје и зелечук. Одлуката, со која се опфатени доматите, краставиците, кромидот, карфиолот, пиперот, гравот, леќата, бананите, портокалите, мандарините и лимонот, ќе важи од 5 април до крајот на месецов.

Како што соопшти министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција, свежите домати ќе чинат максимум 70 денари, краставиците 75, кромидот 60, карфиолот 70, пиперот 90, гравот 75, леќата 110, бананите 70, портокалите 55, мандарините 60 и лимонот 55 денари.

-Ги уверувам граѓаните дека согласно сите анализи, цените, посебно на прехранбените производи и енергенсите, целосно се стабилизирани и имаат надолен тренд, на намалување, истакна Бектеши.

Сепак, рече, ќе се причекаат официајлните податоци од Државниот завод за статистика кои треба да се објават на 7 април.

Министерот ги повика трговците да ја почитуваат Одлуката. Анализите покажале, напомена министерот, дека за овие производи имало големи маржи кои во март достигнале дури 200 – 250 отсто.

МИА/Фото: Unsplash
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) „Бугарски фашистички окупатор“, марихуана и корона на Вевчанскиот карневал

Редакција

(Галерија) Втор ден од осумнаесеттиот Моден викенд Скопје

Редакција

Каков имот пријавила Миликијe Халими, поранешната градоначалничка на Арачиново, која стана инспектор во Царина

Редакција