еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ММФ за годинава ни прогнозира раст на економијата од 1,4 и инфлација од 9,2%

Македонската економија годинава ќе забележи раст од 1,4 отсто, а во наредната од 3,6 проценти, проценува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во објавениот Преглед за светката економија во 2023 година.

По двоцифрените стапки во 2022, годинава инфлацијата во земјава ќе забави и ќе изнесува 9,2 отсто.

Од земјите во регинот, највисок економски раст годинава ќе забележат Косово 3,5 и Црна Гора 3,2 отсто. БДП на Грција ќе се зголеми за 2,6 проценти, на Албанија за 2,2, на Србија и на Босна и Херцеговина за 2, на Хрватска 1,7 и на Бугарија за 1,4 отсто.

На глобално ниво ММФ годинава не очекува рецесија, туку раст од 2,8 отсто во однос на 2022. Фондот не очекува рецесија ниту во САД, прогнозирајќи раст од 1,6 отсто.

Еврозоната ќе забележи раст од 0,8 проценти, но со пад на најголемата европска економија – германската од 0,1 отсто.

Попозитивни се проекциите на ММФ за азиските економии. БДП на Кина годинава ќе се зголеми за 5,2 отсто, Индија ќе забележи раст ио 5,9 отсто, а над пет проценти ќе „одат“ и Виетнам, Индонезија и Филипини.

Рецесија не се предвидува ниту во Јапонија (раст од 1,3 отсто), како ни во Русија, за која ММФ лани прогнозираше пад на економската активност од 2,1 отсто, а сега најавува раст од 0,7 отсто за 2023 година.

Глобалната инфлација ќе се намали, иако побавно од првично предвиденото, од 8,7 отсто минатата година на 7 проценти оваа година и на 4,9 во 2024, се наведува во прогнозата на ММФ.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најтргувани акции на Македонската берза во октомври

Редакција

(Фото) Царината заплени непријавени 329 раствори за инјекции за визуелизација при магнетна резонанца

Редакција

Искористени само 43.000 од вкупно 110.000 ваучери за домашен туризам

Редакција