еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Османи не се појави на судењето, тужбата за клевета за него е неооснована

Мин истерстот за надворешни работи Бујар Османи не се појави на денешното рочиште каде што е тужен за клевета.

Од Министерството за надворешни работи информираат дека тој не добил покана за рочиштето.

-Министерот Османи нема покана за суд; денес се одржува рочиште на кое се поканети адвокатите. Што се однесува до самата тужба, таа е целосно неоснована. Министерот никогаш не дал изјава што може да се смета за навреда, клевета или која предизвикува штета.

Целта очигледно не е правна разврска, туку јавна дискредитација. Веруваме дека во објективна постапка судот ќе ги увиди фактите и соодветно ќе ја отфрли тужбата како неоснована, соопштија од МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во тужбата за клевета од Османи се бара оштета од 10 илјади евра

Започна судењето против министерот Османи за навреда и клевета

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претседателката на Собранието на Меѓународен сојуз на Боки 13 не знае каде завршиле парите кои бизнисмени ги уплаќале на невладината

Редакција

Силјановска за годишната програма за култура: Македонската уметност и култура никогаш не паднале на пониско ниво

Редакција

(Фото) Утрово започнаа две трансплантации на бубрези од починат донор

Редакција