еМагазин
Image default
Локално

Полицајци се степале во Кривогаштани, објавено и видео

За Велигден во прилепското село Кривогаштани се степале полицајци.

На социјалните мрежи е објавено и видео, а случајот го потврди и МВР.

„Околу 04:45 часот, пред угостителски објект во Кривогаштани бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Ј.(41) од с.Житоше и К.А.(45) од с.Житоше, двајцата полицајци.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и ќе биде поведена и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и суспендирање од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка“, информираше СВР Битола.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тешко повреден градежен работник кој паднал од импровизирано скеле

Редакција

Маж од Неготино нападнат од тројца мигранти, му одзеле пари

Редакција

Скопјанец пронашол црна торба полна со марихуана

Редакција