еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Убиецот на Македонецот во Сончев Брег имал криминално досие и му украл пари: Детали за убиството

Локалните бугарски власти соопштија детали за убиството на Игор Николовски (50), Македонец кој беше убиен од 14-годишен бугарски државјанин во Сончев Брег.

Како што информираше високот комесар Калојан Калојанов од полицијата во Бургас, малолетникот Михаил, веќе имал криминално досие.

-На 14 години да имаш извршено неколку кривични дела и да го завршиш тоа со убиство не може да се перцепира како прифатливо, изјави Калојанов.

Надзорниот обвинител Иван Кирков објасни дека малолетникот е обвинет по член 115 од Кривичниот закон, а поради тоа што е малолетен максималната казна е до пет години затвор. Ако делото биде преиначено во убиство поради себична корист тогаш казната може да е повисока.

Тие претходно не се познавале.

-Оствариле контакт на улица. Според податоците, имало некаков договор за сексуален контакт. Тие отишле на местото на злосторството. Жртвата е убиена со удар од колец, изјави Калојанов.

Другиот можен мотив за злосторството е ограбување на Николовски.

-Недостигаат 1.800 лева. Утврдено е дека дел од нив се искористени за купување на залог во заложна куќа. Со преостанатото, сторителот си купил работи, изјави Калојанов.

Полицијата уште не го пронашла телефонот на Николовски, а малолетникот моментално е во притвор.

-Осомничениот изјави дека бил повикан од македонскиот државјанин на секс. Тие отишле во шумата, но момчето потоа се обидело да ја напушти локацијата. Оштетениот го повлекол и тој во своја одбрана зел колец и го удрил неколкупати по главата, по што се оддалечил. Ја сокрил информацијата дека ги зел парите, изјави Кирков.

Според бугарскиот сајт Флагман убиството најверојатно се случило во саботата, а исчезнувањето на Николовски било пријавено во вторникот од страна на неговиот внук со кого дошле да работат во Бугарија. За време на летната сезона работел во Сончев брег, а во зимската во Банско.

Според сајтот и минатата есен Михаил претепал со стап украински државјанин и му го украл златниот накит.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МНР го потврди убиството на македонски државјанин во Бугарија

Во Бугарија од тинејџер убиен 49-годишен македонски државјанин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 14 заболени од Ковид-19

Редакција

Приведени четири лица за пукањето пред тетовската болница, по едно се трага

Редакција

(ВИДЕО) Во земјотресот во Турција и Грција загинаа и две деца

Редакција