еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вработена во Армијата барала поткуп од 3.000 евра од кандидат за да биде примен на работа

Во заедничко дејствување, припадниците на Службата за воена безбедност и разузнавање при Министерство за одбрана и Министерство за внатрешни работи, во координација со Јавното обвинителство вчера привеле припадничка на Армијата заради вршење на кривично дело поткуп.

-Вработената, служејќи се со лаги и манипулации уценувала кандидат пријавен на оглас да и даде 3.000 евра за да биде примен. Кандидатот е успешен и секако ќе беше примен, а лакомата вработена е лишена од слобода, ќе го изгуби работното место и ќе биде кривично гонета исто како и нејзините соучесници.

Ова нека биде порака за сите: за криминалот нема место во Армијата!, напиша министерката за одбрана, Славјанка Петровска на својот Фејсбук профил.

Таа ги охрабри сите да ги пријавуваат ваквите случаи.

-Криминалот и корупцијата ќе добијат жесток и бескомпромисен одговор, напиша Петровска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕУ не признава бојкот: Хан побара политичките лидери да ја почитуваат одлуката на мнозинството

Редакција

(Фото) Заев се ревакцинираше со „Синофарм“

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на МРТ за набавка на бензин вреден 49.000 евра

Редакција