еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Милош Вучевиќ, наследникот на Вучиќ на чело на Српската напредна партија

Милош Вучевиќ е новиот лидер на владејачката Српска напредна партија (СНС), откако оставка од таа функција поднесе претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ поднесе оставка, Милош Вучевиќ нов претседател на владејачката Српската напредна партија

Кој е Вучевиќ?

Роден е во декември 1974 година во Нови Сад.

По професија е правник, а моментално е министер за одбрана на Србија, потпретседател на Владата, а пред да стане лидер беше потпретседател на СНС.

Беше градоначалник на Нови Сад во три мандати.

За првпат беше избран во 2012 година, по што доби уште еден мандат, а по третпат беше реизбран во 2020 година.

Потпретседател на СНС стана во мај 2016 година.

Оженет е и е татко на две деца.

Какво образование има

Според неговата официјална биографија основно училиште завршил во родниот град, гимназија во Бачки Петровац, а Правен факултет во Нови Сад.

Зборува англиски јазик.

Работно искуство и политичка кариера

Во 1999 година почнал да работи како адвокат во сопствена адвокатска канцеларија.

Престанал да работи како адвокат кога за првпат бил избран за градоначалник.

Бил и член на Управниот одбор на Националната алијанса за локален економски развој.

Фото: Фејсбук/Вучевиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев за оставката на Филипче ќе одлучи откако ќе заврши истрагата: „Одговорност ќе има, но утврдена врз факти“

Редакција

Финска утре ќе стане членка на НАТО, најави Столтенберг

Редакција

Нови 24 случаи на Ковид-19 од 4.133 тестирања, бројката на активни е 310

Редакција