еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

И Урсула фон дер Лајен вовлечна во скандалот во Бугарија со објавената аудио снимка

И претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен е вовлечна во скандалот во Бугарија со објавената аудио снимка од страна на пратеникот од партијата Има таков народ на Слави Трифонов, Радостин Василев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Оддавала државни тајни на Македонија: Истражна постапка за советничката на Петков, Весела Чернева

Во петчасовната снимка меѓудругото се слуша како поранешниот премиер Кирил Петков на состанок им пренесува дискусија поврзана со Шенген со Фон дер Лајен на своите сопартијци од партијата Продолжуваме со промената, пренесуваат бугарските медиуми.

Петков им го објаснува на сопартијците неговиот разговор со Лејен од 21 мај, разговарајќи за шансите на Бугарија да биде прифатена во Шенген и во еврозоната.

Петков вели дека за време на состанокот со Фон дер Лајен, таа му кажала: „за Шенген имате многу големи шанси. За зоната на Европската Унија (ЕУ), треба да сфатите како да се движите околу правилата. Во смисла како да се усогласат“.

Тој одговорил: „дали можеме да имаме (проценка на) инфлацијата минус ефектот (од војната) во Украина“. На ова, Петков вели дека таа одговорила: „слушај ме, ќе се обидеме да ти помогнеме“.

Комисијата на ЕУ потврди дека Фон дер Лајен и Петков имале разговор и „разговарале за важни прашања од агендата на Бугарија, меѓу кои и влезот на Бугарија во еврозоната и Шенген“.

„Постои јасно структуриран процес за приклучување кон еврозоната кој важи за сите земји. Работата на Комисијата е да го поддржи спроведувањето на критериумите. Очигледно е дека правилата мора да се почитуваат“, велат од Комисијата, цитирани од Бугарското национално радио.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се бара одземање на пратеничкиот имунитет на Борисов поради куќа во Барселона на манекенка

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре раст на температурата

Редакција

Прва опишана епидемија со конго-кримска хеморагична треска во Македонија имало во 1971 година

Редакција

Прва тужба поради родова дискриминација во спортот: Повредени правата на женските боречки клубови

Редакција