еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Поројни дождови предизвикаа поплави во Прилеп и го затворија патот Охрид-Св.Наум

Обилни врнежи од дожд вчера попладне го зафатија Прилеп, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„Водостојот на реките е зголемен и засега на некои места има изливање на реката од речното корито во Прилеп.

Од страна на раководителот на РЦУК- Прилеп побарано е од ТППЕ Прилеп и ЈП Водовод да има дополнителна дежурна екипа доколку има потреба од дополнителни сили,“ се вели во соопштението.

Од ЦУК исто така информираа дека поради невремето кое го зафати југоисточниот дел на општина Охрид во реонот на с.Трпејца и с.Љубаништа проследено со големи врнежи дојде до излевање на вода, земја, чакал и поситни камења на регионалниот патен правец Охрид – Св. Наум во с.Љубаништа.

„Сообраќајот целосно беше прекинат од 19:15 часот и истиот е оспособен преку помошни локални патишта. На терен се присутни и интервенираат на санирање екипи на ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта – секција Охрид и ЈП Охридски комуналец,“ велат од ЦУК.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија не е на листата: Хрватска го укина карантинот за граѓаните од Србија, БиХ и од Црна Гора

Редакција

(Фото) Советникот на ДУИ, Усеини натепал сограѓанин: Му извади пиштол на син ми, а потоа ме тепаа по глава

Редакција

Вработен во ЈСП – Скопје заразен со корона вирусот

Редакција