еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Најголем дел од потрошувачите ќе добијат пониски порамнителни фактури за греење, најавија од ЕСМ

Грејната сезона 2022/2023 започна на 15 октомври, но поради надворешните временски услови траеше подолго од вообичаеното, односно беше продолжена до 28 април, велат од ЕСМ.

„Иако изминатата грејна сезона траеше девет дена подолго од вообичаеното, сепак просечните надворешни температури во некои месеци беа значително повисоки од прогнозираните кои се користат во пресметката на авансните фактури.

Токму затоа најголем дел од потрошувачите кои ги плаќаат фактурите на 8 и 12 месечни рати (97%), оваа грејна сезона ќе добијат пониски порамнителни фактури споредено со авансните.

Сепак, висината на порамнителните фактури е различна за секој потрошувач и зависи од карактеристиките и енергетската ефикасност на објектот и од количината на испорачана топлинска енергија до објектот,“ се вели во соопштението.

Потрошувачите, во текот на грејната сезона, во фактурите за топлинска енергија добиваат податок колку енергија потрошиле, како и за износот на разликата меѓу потрошената и прогнозираната топлинска енергија.

Ако при порамнувањето се утврди дека е потрошена повеќе топлинска енергија отколку што авансно е пресметана, тогаш разликата се распределува на три еднакви рати и соодветно се фактурира во сметките за месеците мај, јуни и јули.

Ако пак потрошувачот авансно платил повеќе отколку што е утврдено при мерењето на потрошената топлинска енергија, тогаш може да побара поврат на разликата доколку нема заостанати долгови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гаши го демантира МВР за инцидентот со косовската претседателка, неговото обезбедување ја смирувала ситуацијата

Редакција

(Видео) На 33-годишна возраст почина пејачот Том Паркер од групата „The Wanted“

Редакција

(Фото) Приказна со среќен крај: Куче 13 часа го грееше телото на неговиот пријател планинар, по пад во непристапен терен

Редакција