еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) САД го стави градоначалник Мерко и неговата фамилија на црната листа

Стејт департментот го прогласи градоначалникот на Струга Рамиз Мерко за непожелна личност за влез во САД, поради негова вмешаност во значајна корупција, се наведува во писмената изјава на Метју Милер, портпарол на Стејт департментот.

-За време на неговиот градоначалнички мандат, Мерко злоупотребил фондови и се мешал во правосудните и другите јавни процеси, нанесувајќи штета на тој начин на довербата на јавноста во демократските институции и претставници.

Денешната акција испраќа порака дека САД стојат заедно со Северна Македонија за зајакнување на стабилноста преку зајакнување на демократските институции и решавање на слабостите во владеењето на правото, стои во соопштението.

Натаму, во соопштението се наведува дека оваа одлука ја реафирмира посветеноста на САД во борбата против корупцијата, којашто наштетува на јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја намалува способноста на владите ефективно да одговорат на потребите на својот народ.

Одлуката на Стејт департментот за забрана за влез во САД се однесува и на сопругата и трите деца на Мерко.

МИА/Фото: Мерко/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Околу 5.000 вработени во МВР добија бонус плата

Редакција

(ВИДЕО) Скопје побеле: Падна првиот снег

Редакција

Нови 355 случаи на Ковид-19, оздравени 145, две починати лица

Редакција