еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Граѓаните на Македонија да не патуваат во Русија, а оние кои имаат можност да ја напуштат, апелираат од МНР

Министерството за надворешни работи на Македонија одблиску го следи развојот на состојбите во Руската Федерација и е во постојана комуникација со нашите партнери и сојузници, информираат од таму и ги повикуваат македонските граѓани да не патуваат во Русија, а оние кои имаат можност да ја напуштат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Русија пред граѓанска војна: Москва во конфликт со платеничката група Вагнер, најсериозна безбедносна криза во земјата во последните 30 години

Соопштението на МНР следи откако борците на платеничката групата „Вагнер“, како што соопшти шефот Евгениј Пригожин зазеле воени локации во рускиот град Ростов, а во Москва се воведени антитерористички мерки и оклопни возила патролираат по улиците, а земјата е пред можна граѓанска војна.

Од Министерството за надворешни работи посочуваат дека во тој контекст, потсетуваат дека се уште е на сила препораката на Министерството објавена на 28 февруари 2022 година, сите граѓани на Македонија да се воздржат од патувања кон Руската Федерација, а оние кои имаат можност да ја напуштат земјата.

Воедно, сите државјани на Македонија кои моментално се наоѓаат во Руската Федерација, може да ја контактираат Амбасадата во Москва на следните телефонски броеви: +7 925 025-98-05 (мобилен) е-mail: [email protected].

Државјаните на Македонија може да се обратат и во Министерството за надворешни работи на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: [email protected].

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитер „полуде“ за прислушувањето на обвинителите: „Се кладам дека биле СЈО“

Редакција

МПЦ: Уште од почеток на пандемијата апелираме да се почитуваат препораките за заштита

Редакција

Двајца убиени, еден е повреден во бар во Старата скопска чаршија

Редакција