Според податоците на Државниот завод за статистика во градските подрачја лани се евидентирани 10.866 живородени деца или 60,1 % од вкупниот број на живородените деца во земјава, додека 7.207 или 39,9 % се живородени деца во селските подрачја.
Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања има Скопскиот регион со 39,6 %, а најмало Источниот регион со 6,6 %.
Во градските подрачја умреле 14.354 лица или 63.9 %, а 8.105 или 36,1 % умреле во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупниот број умрени лица по региони има Скопскиот со 31%, а најмало Североисточниот регион со 7,7 %.
Во градските подрачја умреле 34 доенчиња, додека во селските подрачја 24.
Природниот прираст кај населението e негативен и во градските подрачја е -3.488 лица, a во селските подрачја – 898 лица.
Од вкупниот број склучени бракови, 6.975 или 51.1 % се во градските подрачја, а 5.907 или 45,9 % во селските подрачја.
Во градските подрачја имало 1.005 разводи, односно 62,3 %, додека во селските подрачја 608 односно 37,7 % од вкупниот број разводи.
Податоците за внатрешните миграции, покажуваат дека најголемо учество од 37,9 % имаат преселбите од село во град, наспроти меѓуградските преселби со 9,4 %. Во вкупните миграции на ниво на регион од село во град, најголемо учество има Источниот регион со 49 %, додека во Полошкиот регион најголемо учество имаат меѓуселските преселби, кои учествуваат со 54,4 %.
Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот регион, 1.450 лица, а најмало во Југозападниот регион, односно -172 лица.
Фото: МЗ