еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Со Косово ќе имаме два заеднички гранични премина

Владата на денешната седница го разгледа и усвои Извештајот за извршени преговори помеѓу Владата на Македонија и Владата на Косово за заеднички гранични премини: „Блаце – Елез Хан“ и „Јажинце – Глобочица“ и го разгледа и прифати усогласениот текст на Договорот помеѓу двете влади за воспоставување на овие два заеднички гранични премина.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски е задолжен во име на Владата да го потпише договорот.

-Целта на склучувањето на овој договор е воспоставување заеднички гранични премини „Јажице – Глобочица“ – за поедноставување и олеснување на движењето на лица, возила, влез и излез на товарни моторни возила, како и „Блаце – Елез Хан“ – за поедноставување и олеснување на движењето на лица, возила и стоки, информира владината прес-служба.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цените за роаминг со Грција ќе се намалат пред туристичката сезона и тогаш ќе се знае за колку

Редакција

Вучиќ ќе отвори брза лента за Македонците и за Албанците, Европејците ќе си чекаат

Редакција

(Галерија) Пендаровски го посети музејот посветен на архитектот Доксијадис, кој учествувал во планот за реконструкција на Скопје по земјотресот

Редакција