еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Видео+фото) Кратко невреме предизвика штети во Скопје, Кратово, Пробиштип, Кочани и Виница

Попладнево североисточните делови од Македонија беа погодени од кратко невреме проследено со електрични празнења, интензивен пороен дожд, град и силен ветер.

Невремето беше поинтензивно во Скопје, Кратово, Пробиштип, Кочани и Виница.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) претодно информираше дека нестабилна облачна маса дошла од територијата на Косово.

Невремето во Коачни и Виница предизвика помала материјална штета на кровните конструкции на неколку објекти, а од врнежите од град со големина на лешник оштетени се овошки и градинарските култури.

Силниот ветар во селото Жиганци предизвикал краток спој на електричниот довод меѓу две куќи, по што настанал пожар во дворната површина каде што имало сува трева, кој бил за брзо време изгаснат откако интервенирале пожаникарите од ТППЕ – Кочани, пренесе државната агенција МИА.

Пожарникарите успешно интервенирале и на гаснење пожар што се проширил од кочанската комунална депонија кај селото Бели, која чади неколку денови, при што огнот зафатил сува трева и нискостеблести растенија во околината на оваа локација.

Невремето во Скопје предизвика оштетувања на кровни конструкции, на повеќе места се паднати дрва и бандери со кабли, што заедно со поплавените подвозници и делови од сообраќајниците го отежнува сообраќајот и движењето на граѓаните.

-По невремето што зафати дел од градските и приградските населби на град Скопје од страна на Е – 112 до РЦУК Скопје стигнаа 40 – тина мејлови. Триесетина од нив се однесуваа на паднати дрва на различни локации во градот кои го попречуваат движењето на граѓаните и одвивањето на сообраќајот, паднати бандери со струјни и телефонски кабли.

Сите мејлови беа препратени до дежурниот во ЈП Паркови и Зеленило, диспечерскиот центар на ЕВН Македонија, А1, Телекабел и Телеком, информираа од Центарот за управување со кризи.

На социјалните мрежи се споделуваат информации за штети во скопските населби Лисиче, Ченто, Драчево, каде паѓаше град, како и за поплавувања на сообраќајници во општините Бутел и Чаир.

Фото/видео: МИА/А1он/Твитер/Инстаграм/Славчо Попоски/ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Извештајот на известувачот на ЕП, Ќучук, за Македонија усвоен на комисиско ниво, но ветото си останува

Редакција

Чаир се ближи до 400 активни случаи на Ковид-19: Како изгледа бројот на заразени по скопските општини

Редакција

„Еуроимпекс“ го доби тендерот на Државна лотарија за набавка на возила вреден 36.000 евра

Редакција