еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Стопанска банка Битола со раст на добивката за 142,16% во првото полугодие

Оперативниот резултат од работењето на Стопанска банка АД Битола за првата половина од 2023 година е позитивен и изнесува 84,54 милиони денари, што претставува подобро остварување споредено со истиот период од мината година за 142,16%, информираат од Банката преку Македонската берза.

-Во првата половина на 2023 година, оперативниот резултат од работењето на Банката е историски највисок – во износ од 84,54 милиони денари. Прудентното водење на полититката за рационалзација на оперативните трошоци во услови на зголемени нето-приходи од камати, придонесе за позитивни остварувања во оперативното работење, што се гледа и од сооднсот на оперативните трошоци со оперативните приходи (cost to income ratio), кој изнесува 71,48%.

Ваквата политика на Банката, при значителна активност за наплата на нефункционалните кредити и продажба на преземен имот, се очекува да резултира со позитивни поместувања во периодот што следи, велат од Банката.

Нето-приходите од камати бележат зголемување за 48,17%, односно 71,27 милиони денари во однос на остварувањето од минатата година.

-Приходите од камати се повисоки за 81,65 милиони денари, односно 40,68%, додека расходите за камати бележат годишно зголемување од 10,39 милиони денари, односно 19,68%. Планот на нето-приходи од камати за вториот квартал од 2023 година е остварен со 121,05%.

Нето-приходите од провизии и надоместоци се пониски за 2,75 милиони денари, односно 3,98%, како резултат на нето-ефектот од зголемените расходи за 2,77 милиони денари, при речиси непроменети приходи во апсолутен износ споредено со истиот период од претходната година. Остварувањето на планот за вториот квартал од 2023 година во оваа позиција изнесува 87,72%.

Нето-приходите од курсни разлики се позитивни во износ од 10,93 милиони денари и не бележат значајни годишни промени, а планот за втор квартал од 2023 година е остварен со 80,93%.

Останатите приходи од дејноста се повисоки за 4,22 % во споредба со остварените во периодот 1.1.2022 – 30.6.2022 година, што главно се должи на приходи од добиен судски спор, како и остварени капитални добивки од продажба на преземен имот. Планот за втор квартал од 2023 година во оваа позиција е реализиран со 83,71 %.

Според проценките за квалитетот на кредитното портфолио во значително тешки економски услови за клиентите на Банката, исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа изнесува -135,09 милиони денари.

Загубата поради оштетување на нефинансиските средства на нето-основа изнесува 4,79 милиони денари, што се должи на продажба на дел од преземениот имот и ослободување на претходно издвоената исправка на вредност во согласност со регулативата на НБРСМ.

Трошоците за вработените бележат зголемување од 14,28% во споредба со истиот период од претходната година, додека планот за анализираниот период кај оваа позиција е остварен со 100,29%.

Останатите расходи од дејноста се повисоки за 9,13%, а реализацијата на планот за втор квартал од 2023 година изнесува 97,91%. Амортизацијата е пониска за 7,73% на годишна основа, а планот е остварен со 86,86%, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Миле Зечевиќ останува во Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола

Александра Радевска именувана за член на Управниот одбор на Стопанска банка Битола

Владимир Ефтимоски, претседателот на УО продаде акции во Стопанска банка Битола

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата се користела како штаб на СДСМ, тврди Јанушев и ги повика надлежните да истражат

Редакција

Акции со најголем раст и пад на Македонската берза во март

Редакција

За Димитров и Заев провокацијата на Каракачанов е изборен фолклор

Редакција