еМагазин
Локално ТОП СТОРИИ

Романски државјанин спасен преку бројот 112 во соработка на македонските и грчките служби

Романски државјанин кој имал проблеми со срцето, а престојувал во Гевгелија, е спасен преку Единствен број за итни случаи 112 во соработка на македонските и грчките служби.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека повикот е примен доцна синоќа и дека најверојатно поради близината на границата, првично повикот е примен на базна станица во Грција по што грчката служба остварила контакт со македонската служба и по лоцирањето на романскиот државјанин и интервенцијата на Итната медицинска помош од Гевгелија, тој е спасен.

– Овој случај на меѓугранична, односно меѓудржавна соработка на две држави (Р. С. Македонија и Р. Грција), за спасување на граѓанин од трета држава (Р. Романија) ја отсликува можноста за спасување животи на граѓани од која било европска земја ако тие се наоѓаат во земја којашто е во системот на Европскиот единствен број за итни случаи 112, велат од ЦУК.

Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Македонски брод

Редакција

По розата од Цацко и метлата од Дац: „Дигитрон“ следен подарок за Заев?

Редакција

БИМ од Свети Николе ги објави платите на менаџментот

Редакција