еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Од полноќ дизелот поскапува за денар ипол, а Екстра лесното масло за домаќинство за еден денар. Цената на Еуросупер БС-95 се намалува за еден денар, а на Еуросупер БС-98 за половина денар.

Според денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на дизелот ќе биде 81,5 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 81 денар за литар.

Еуросупер БС-95 од полноќ ќе се продава по цена од 87 денари за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 89 денари за литар.

Нова зголемена цена ќе има и мазутот кој сега ќе се продава по цена од 46,064 ден/кг.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Макпетрол“ ја пушти во употреба обновената бензинска станица во Гостивар

Редакција

Судењето за “Рекет“ денеска затворено за јавноста, Боки 13 се пожали дека го нападнале затворски службеници

Редакција

Казни од 20 евра за граѓаните кои од 30. април нема да носат маска

Редакција