На 16.09.2018 година околу 12.50 часот пријавено е дека на место викано „Гропа“, атар на с.Франгово, струшко, Б.Х.(36) од Република Албанија, додека собирал дрва, на него паднало дрво, информира МВР.
Од ударот тој се здобил со повреди во пределот на главата, по што неговите другари го однеле во село Мали Влај, каде од страна на медицинска екипа бил направен обид за реанимација, но не покажувал знаци на живот. Подоцна во Медицинскиот центар Струга била констатирана смрт. По Наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.