еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Анкетна комисија ќе утврдува дали има политичка одговорност за функционери поврзани со случајот на Онкологија

На денешната седница пратениците дадоа зелено светло за барањето на ВМРО – ДПМНЕ собраниска Анкетна комисија составена од 13 члена да утврдува дали има политичка одговорност за функционерите поврзани со случајот на Клиниката за онкологија.

Според пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ, Антонио Милошоски во изминатите неколку дена нема поголемо прашање од јавен интерес за тоа кој ја сноси политичката одгороност, како што рече, за морбидниот профит кој некој го правел на Онкологија, за сметка на здравјето и на животите на пациентите.

– Предлагаме Анкетнта комисија за скандалот на Онкологија да има надлежност да утврди политичка одговорност на здравствените и на владините функционери кои биле дел од овој скандал, рече Милошоски.

На седницата е усвоено и барањето од опозицијата да се разгледа и конечниот ревизорски извештај за работата на Клиниката за онкологија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На поранешниот директор на Онкологија, Васев му се суди за пациент кој починал откако 3 месеци не му бил препишуван лек за тумор

Повеќе лица се под посебни истражни мерки за случајот со Онкологија, откри Спасовски

Обвинителството веќе води три постапки за кражба на лекови и поткуп на Онкологија

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груевски избега од земјава во багажник од автомобил, вели Заев

Редакција

Нови 632 случаи на Ковид-19 од 6.531 тестирања

Редакција

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи Зајд нема да го поддржи новото мнозинство на опозицијата, поради Левица

Редакција