еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Двајца мажи од Велешта во полициска станица во Струга тепале полицајци и прскале сведок со солзавец

Две лица од селото Велешта во полициска станица во Струга тепале полицајци и се обиделе да им го одземат службеното оружје, а сведок кој давал изјава против нив го испраскале со солзавец пред неколку полицајци, информираат од Јавното обвинителство (ЈО).

Тие влегле во полициската станица на 16. септември по полноќ, а и двајцата осомничени се на возраст од 32 години.

-Веднаш потоа осомничените ги нападнале и полицајците, започнале да ги влечат и да се обидуваат да им го одземат службеното оружје. Двајцата осомничени биле совладани, но продолжиле упорно да се обидуваат да се ослободат и да побегнат од станицата.

Имајќи ја предвид дрскоста со која бил извршен нападот во полициска станица, околностите кои укажуваат на опасност од бегство и можноста да го повторат делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струга достави предлог за определување мерка притвор, соопшти ЈО.

Тие се осомничени за кривичните дела „Спречување на службено лице во вршење службено дејствие“ по член 382 и „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ по член 383 од Кривичниот законик.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Србија се размислува за трета доза на вакцина против Ковид-19

Редакција

Која е Гордана Димитриеска-Кочоска, новата потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Буџет 2019 година: Владата ќе потроши 3,5 милиони евра на „Скопје 2014“

Редакција